Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 1 лидер на група и 5 млади учесници за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „From the Exodus to the Future“, која ќе се одржи во Сан Џорџо дел Санио, во регионот на Беневенто, Италија од 30-ти септември до 11-ти октомври 2022 година.
Проектот има за цел учесниците да ја претстават културата на нивната земја како и нивните искуства со миграција и мигранти. Ова ќе се организира преку игри, видеа и активности кои ќе ги оттргнат стереотипите и предрасудите. Проектот ќе проектира традиционална, но истовремено и современа атмосфера врз нашите земји како и нашите миграциски култури, се со цел да се оформи целосна слика за тоа кои сме ние. Препорачливо е половина од групата учесници да е дел од од некое малцинство, бидејќи целта на организаторите е да креираат интегрирана средина, а не “среќни оази”, тие веруваат дека секогаш постои нешто да се научи од разликите и дека солидарноста носи благосостојба.
Главните цели на проектот се учесниците преку интерактивни активности и работилници да се запознаат со уметността и културата на другите земји и истовремено да ги срушат стереотипите меѓу истите. На учесниицте ќе им биде дадена можност да подготват, водат и оценуваат групни активности. Исто така ќе можат да се информираат за понатамошните можности што ги обезбедуваат Еразмус+ потпрограмите, промовирање на неформално образование и инвестирање во последователните активности коишто ќе ги изберат и ќе ги структурираат учесниците. Главните теми на оваа младинска размена се: 1) Креативност, уметности и култура, 2) Спречување на расизам и дискриминација и 3) Човекови права и владеење на правото.
На младинската размена ќе земат учество 43 млади и младински лидери од Македонија, Грција, Италија, Шпанија, Португалија, Германија и Турција.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 25 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Италија“.