Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 1 лидер на група и 5 млади учесници за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Europe goes rural!“, која ќе се одржи во Самобор, Хрватска од 11-ти до 19-ти јули 2022 година.
Главната цел на проектот, преку размена на искуства и примери на добри практики од нивните заедници, е да го зголеми знаењето на учесниците за руралното претприемништво и да ги поттикне да започнат нови претприемачки потфати во руралните заедници. Меѓу другото, проектот се обидува да ја прикаже различноста на европските рурални области, но и нивниот заеднички европски идентитет и сродните вредности. Проектот цели и кон зголемување на знаењата и вештините на учесниците во областа на руралното претприемништво преку искуствени и неформални методи на учење, како и поттикнување на младите да започнат свои претприемачки потфати.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 320€) и евентуални трошоци за КОВИД-19 тестови се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Хрватска“.