Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука “Draw For Your Rights”, која ќе се одржи во Лисабон, Португалија од 1-ви до 9-ти април 2022 година.
Обуката има за цел да ја развие употребата на цртањето како едукативна алатка во рамките на младинската работа и да го промовира Образованието за човекови права (ОЧП) преку стрипови и илустрации структурирани врз комуникациските принципи.
Врз основа на идејата дека за да бидете илустратор не мора нужно да знаете како да цртате, туку како ефективно да комуницирате, би сакале да го истражиме цртежот како едукативна алатка за зајакнување на младите и возрасните.
Од една страна, ќе го истражиме Образованието за човекови права (ОЧП) во 3 димензии: „јас како личност“, „јас како едукатор“ и „јас во акција“ за целосно разбирање и промовирање на ОЧП кај младите, обезбедувајќи доволен контекст за учесниците да изберат барем еден предмет за визуелно истражување (граѓанство, активно учество, дискриминација, образование, животна средина итн.).
На обуката ќе учествуваат 24 младински работници и младински лидери од Португалија, Македонија, Франција, Шпанија, Бугарија, Хрватска, Грција и Турција.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се младински работници или младински лидери на возраст од 18 до 30 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 360€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Португалија“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Португалија.