Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 млади учесници и 1 лидер на група за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Building Peaceful Bridges Together”, која ќе се одржи во Смољан, Бугарија од 22-ри до 29-ти март 2023 година.
Контекстот на проектот е анализирање на концептот на „конфликтна трансформација“. Фокусот е на напорите на младите луѓе кои се соочуваат со културни разлики, социјални нееднаквости, стереотипи или омраза да им се помогне да го разберат најдобриот начин за решавање на конфликтот и да изградат мирен и одржлив дијалог. Земјите-учеснички се дел од процесот на внатрешни и надворешни конфликти и борба за независност (спорот за името на Македонија со Грција, конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, двете конфликтни области во Грузија – Абхазија и Самакабло, Украина- Конфликтот на Русија за Крим и Донбас, историски спор меѓу Бугарија и Македонија).
Преку имплементацијата на овој проект, бараме да научиме приказни со влијание низ културните и социјалните конфликти во европските општества. Ќе ја разгледаме содржината и ќе го следиме влијанието на меѓународните конфликти врз младите, трансформирајќи ги нивните перцепции и ставови во идеја за создавање мирни општества и разбирање меѓу различни земји.
Главните потреби кои се адресираат со проектот се водени од можноста да се соберат претставници на младински организации кои доаѓаат од овие „критични“ земји на Европа кои се поврзани со постојани конфликти и акумулирана тензија со децении и имаат за цел да се обучат млади луѓе со потребните знаења, вештини и ставови поврзани со трансформација на конфликти и да се промовира универзално разбирање меѓу младите луѓе од различни земји.
На младинската размена ќе учествуваат 35 млади и младински лидери од Македонија, Бугарија, Ерменија, Азербејџан, Украина, Грузија и Грција.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 15 до 30 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Бугарија“.
Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани за нивното учество.