Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 6 учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена “Boost the Mental Well-being”, која ќе се одржи во Карпач, Полска од 21-ви до 30-ти мај 2023 година.
Методите на работа во текот на проектот се засноваат на неформално образование – работилници, состаноци, пишани или нацртани резимеа, работа во меѓународни тимови, игри за градење тимови, работа во отворен простор, дискусии, игри за интеграција, презентации, театар, директни контакти со локалната заедница, размислувања, дебрифинг, споделување чувства, креирање видеа, сесии зарефлексија.
Цели на оваа младинска размена:
- само-рефлексија на моменталната емоционална состојба преку креативни алатки и методи
- учење и практикување алатки, методи и техники за себе-грижа и себе-сочуство
- промовирање на заедничко разбирање, еднаквост, толеранција и пријателство
- зголемување на знаењето на младите за државите и националностите
- давање безбеден простор за споделување на нивните, чувства и мисли
- промовирање на програмата Еразмус+ на Европската Униja, Европските вредности и важноста на YouthPass сертификатите
- промовирање на генералната благосостојба на луѓето на локално и глобално ниво
На обуката ќе учествуваат 45 млади и младински лидери од Македонија, Полска, Латвија, Португалија, Италија и Тунис.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 25 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 25 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците имаат можност да користат „Green Travel“ за патување со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, при што патните трошоци во тој случај може да бидат целосно рефундирани до 320€ по учесник. Во случај на користење на “Green Travel”, учесниците имаат можност да направат одмор при патувањето до максимум 2 дена при што ќе им бидат рефундирани парите за сместување и храна.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Полска“.