Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за втората Еразмус+ обука од проектот EXODUS – “Raise Your Voice!“, која ќе се одржи во Санта Марија де Феира, Португалија од 11-ти до 20-ти февруари 2022 година.
Главната цел на проектот е да се споделат АЛАТКИ за развој и подобрување на кампањите за човекови права, со акцент на миграцијата. Ова ќе се спроведе преку користење на ненасилни комуникациски техники, медуиумски стратегии и изведувачка уметност, како основни алатки за ефикасно подигање на свеста и превземање иницијатива. Клучни активности ќе бидат споделување искуства во однос на горенаведените практики, споделување на знаења стекнати во мултикултурни заедници и посегнување и вклучување на локалната заедница во самиот процес.
На обуката ќе учествуваат 18 младински работници и младински лидери од Македонија, Италија, Шпанија, Турција, Германија и Португалија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 година и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 360€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Португалија“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки за КОВИД-19 кои важат во Португалија.