Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ семинар „E-Participation – Informed & Involved“, која ќе се одржи во Слетестранд, Данска од 1-ви до 10-ти декември 2021 година.
Целта на проектот е да се зајакне граѓанскиот ангажман на младите во онлајн просторот преку давање на алатки на младинските работници за подобрување на медиумската писменост и промовирање на е-учество.
Проектот се состои од две мобилни активности при што втората активност на проектот е 10-дневен семинар за Е-учество, кој има за цел да ги поддржи младинските работници со зајакнување на практиките што веќе ги применуваат и развивање нови за да ги вклучат младите во значајни онлајн дијалози и акции. На долг рок, целта е младите работници да ги инспирираат младите луѓе да го користат интернетот како одговорни граѓани, кои сакаат да имаат директен придонес и влијание во општеството. На семинарот ќе учествуваат 30 учесници од Романија, Бугарија, Шпанија, Хрватска, Македонија, Грција, Турција, Естонија и Данска.
Учесниците на Семинарот ќе стекнат подлабоко разбирање за онлајн заедниците и мрежите, како алатка за активно граѓанство и учество. Тие ќе бидат запознаени со новите перспективи за најдобрите практики за вклучување на младите преку Интернет. Тие ќе учествуваат во развојот на нови упатства за вклучување на младите преку Интернет, при што фокусот на Семинарот ќе биде да се развие Прирачник со препораки за младинските работници да ги подобрат своите практики кога ги вклучуваат младите во онлајн активности.
Услови за учество:
- Кандидатите треба да бидат мотивирани и заинтересирани да промовираат свест за медиумите, медиумската писменост и граѓанскиот ангажман
- Учесниците треба да се постари од 21 година и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, споделување на искуства и организирање на локални активности
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте ги инфопакот за проектот и програмата со активности, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Данска“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Данска.