Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ семинар „Online Education in Youth Work: The Start of Adventure“, кој ќе се одржи во Јагниатков, Полска од 15-ти до 23-ти октомври 2021 година.
Младите луѓе ги префрлија повеќето од своите активности на Интернет, додека мнозинството невладини организации сеуште вложуваат повеќе напори за да ги добијат младите надвор од Интернет сферата. Обично, невладините организации го третираат Интернетот едноставно како платформа за еднонасочна комуникација. Преку оваа мобилност, сакаме да ги охрабриме младинските работници да го користат Интернет во поширока перспектива. Оваа активност е првиот чекор за премостување на онлајн јазот што можеме да го забележиме помеѓу невладините организации и младите луѓе.
Главната цел на семинарот е да ги подготви учесниците како да ги едуцираат и работат со нивните целни групи со помош на нови алатки, нови онлајн пристапи и методи. По оваа мобилност, учесниците треба да знаат како ефикасно да ги споделат знаењата, вештините, идеите и како да изградат ангажман со младите преку Интернет.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Семинар во Полска“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Полска.