Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ семинар „Together Stronger for Inclusive Europe“, кој ќе се одржи во провинцијата Касерта, Италија од 15-ти до 22-ри октомври 2021 година.
Проектот „Together Stronger for Inclusive Europe“ се состои од две мобилности за младински работници: 1) семинар со елементи за градење на партнерства и 2) обука за обучувачи, при што и двете мобилности ќе се организираат во провинцијата Касерта, јужна Италија. Проектот предвидува последователни активности што ќе ги спроведуваат партнерите и учесниците по секоја од мобилностите во нивните локални заедници.
Првата активност за мобилност на проектот е Семинар за младински работници која се организира со цел да се исполнат потребите на партнерските организации за зајакнување на нивните капацитети и потребите на нивните младински работници за подобрување на компетенциите во работата и управувањето со различностите, поттикнување на социјална инклузија и поттикнување на активно учество на младите. Исто така, ќе се осврне на потребата на вклучените организации да воспостават силна соработка и одржливи партнерства. На семинарот ќе учествуваат 19 младински работници од Италија, Хрватска, Кипар, Литванија, Македонија, Романија, Шпанија и Шведска.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Искуство во работа со социјална инклузија, лица со помали можности и младинско учество
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. За влез во Италија е потребен негативен ПЦР или брз антиген тест, но и тие трошоци ќе бидат покриени од страна на организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Семинар во Касерта“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Италија.