Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „European Values Equalizers“, која ќе се одржи во Трикала, Грција од 25-ти август до 3-ти септември 2021 година.
Проектот „European Values Equalizers“ е обука за младински работници, која е посветена која ќе истражува што се тоа европски вредности, што не дефинира како Европејци, дали зборуваме за вредности што се практикуваат и почитуваат само во Европската Унија или воопшто во Европа?
Ова е тема која многу често ги збунува младите луѓе, но и тема за која не се грижиме доволно, особено денес во време на глобализација. Ако ги погледнеме знаењата што младите ги стекнуваат преку формалното образование во нивните училишта и универзитети, главно тие дури и не ги споменуваат европските вредности како нешто на што треба да обрнеме внимание и нешто што треба да го промовираме и користиме во секојдневниот живот. Ако почнеме да работиме со едукација на младите луѓе за европските вредности и нивна промоција на европските вредности како што се толеранција, почитување на човековите права, антидискриминација, еднаквост, демократија и владеење на правото, сигурни сме дека можеме да ја спречиме радикализација на младите, дискриминацијата и кршењето на човековите права, но исто така можеме да учествуваме во создавањето на подобра иднина на нашето заедничко европско општество. Тоа е главната и конкретна причина зошто сакаме да го спроведеме овој проект.
На обуката ќе учествуваат 30 младински работници и младински лидери од 10 партнерски организации од Грција, С. Македонија, Хрватска, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Ерменија, Грузија и Украина.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати! Краен рок за аплицирање е 10-ти јули 2021.
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Трикала“.