Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 млади учесници и 1 лидер на група за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Your Health Your Future“, која ќе се одржи во Самобор, Хрватска од 26-ти април до 4-ти мај 2024 година.
Проектот “Your Health Your Future” има за цел да ги поттикне младите да усвојат активен животен стил, да стават приоритет на нивната физичка и ментална благосостојба и да развијат доживотна наклонетост кон физичкиот фитнес и креативното движење.
ЗАБЕЛЕШКА: Не е задолжително претходно искуство со Зумба или било какви танци за учество на проектот. Дополнително за време на проектот ќе се оддржи кампување со шатори, во непосредна близина на сместувањето. Делот со кампување е задолжителен за сите учесници. Би ве замолиле да не пополнувате апликационен формулар доколку не сте подготвени за кампување или активности во надворешни услови. Шаторите ќе бидат обезбедени од организаторите, но секој учесник задолжително мора да си понесе со себе сопствена вреќа за спиење, со цел поголема удобност. Топло е препорачано носење на топла и удобна облека за време на размената.
Услови за учество:
- Лидерот на групата треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 25 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 320€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците е препорачливо да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+. Во спротивно патните трошоци се покриени до износ од 275€.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар што се наоѓа на платформата Voyagerasmus.eu. За да аплицирате преку платформата, треба да направите профил на истата, па потоа да кликнете на копчето “Apply for Project” (погледни Водич за користење).
Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Хрватска“.
