Во 2023 година, ЦЕТ платформа ја продолжи плодната соработка со Асоцијацијата за одржлив развој Позитива Самобор од Хрватска со која соработувавме на 3 мобилности на млади и младински работници во рамки на нивната акредитација во програмата Еразмус+. ЦЕТ платформа како една од партнерските организации испрати 12 млади, младински лидери и младински работници од Македонија на една младинска размени и две обуки на лица кои работат со млади, на кои учесниците имаа можност да ги подобрат нивните знаења, вештини и пратики за младинска работа во областа на екологијата, заштита на животната средина, зелено претприемништво, одржлив развој, земјоделство и работа со млади во природа.
Во 2023-та година, Позитива Самобор ги реализираше следниве мобилности во соработка со ЦЕТ платформа и 10 други партнерски организации од 9 европски земји:
- младинска размена „Green Defenders“ (17 – 25 април), чија главна цел беше да се подигне еколошката свест кај учесниците, да се усвојат здрави животни навики и да се поттикне квалитетно поминување на слободното време во природа и волонтерство. Учесниците ги збогатија своите знаењата за животната средина и нејзиното значење, како и за начините за спречување на штета врз животната средина и како може да се одржува во здрава и корисна состојба за човештвото.
- обука на лица кои работат со млади „Where Innovation meets Tradition“ (08 – 16 мај), насочена кон употребата на STEM (Наука, Технологија, Инженерство и Математика) алатките во младинската работа поврзани со теми од екологијата и земјоделствота. Учесниците имаа можност да ги истражат STEM перспективите од различни индустрии и да научат како да ги имплементираат во нивната младинска работа.
- обука на лица кои работат со млади „START GREEN – bridging youth to green careers” (06 – 14 ноември), која целеше да ги опреми младинските работници и младинските лидери со знаење, алатки и стратегии за олеснување на пристапот на младите луѓе до зелениот пазар на труд преку подобрување на нивните претприемачки вештини, инспирирајќи ги да основаат сопствени зелени стартапи, и промовирање на културата на претприемништво кај младите.
Како дел од оваа соработка, ви ги претставуваме главните резултати од овие мобилности, преставени во брошурата „Зелени претприемачи: Иницијатива за млади еко-иноватори“. Брошурата е заеднички резултат кој ги прикажува сите важни карактеристики на спроведените активности и нивните опипливи и нематеријални резултати.
Брошурата може да послужи како алатка за ново акредитираните организации во програмата Еразмус+ и организации кои сакаат да развиваат активности во областа на екологијата, одржливиот развој, претприемништво и заштита на животната средина.
Брошурата на англиски јазик можете да ја прегледате и превземете од ОВДЕ: