Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „InclusiVibes: Harmonizing Humanity – An Erasmus+ Odyssey on Human Rights and Inclusion in Youth Work”, која ќе се одржи во Римини, Италија од 8-ми до 14-ти април 2024 година.
Проектот има за цел да го продлабочи разбирањето на учесниците за принципите на човековите права, промовирајќи ја нивната важност во младинската работа. Оваа обука се фокусира на опремување на учесниците со вештини за спроведување инклузивни практики, поттикнување на културната компетентност и подобрување на способностите за решавање конфликти. Иницијативата поттикнува иновативни пристапи во младинската работа, го олеснува вмрежувањето и ги овластува учесниците да иницираат инклузивни проекти. Целта е да се инспирираат застапниците за човекови права и инклузија, создавајќи средини каде што младите напредуваат. Финалната придобивка од проектот е да придонесе градење на поправедно и поинклузивно општество преку влијателната работа на учесниците и младите.
На обуката ќе земат учество 21 младински работници и младински лидери од Македонија, Италија, Португалија, Грција, Романија и Бугарија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Подготвеност да се организирана работилница во својата локална средина како последователна активност (follow-up) по завршувањето на обуката
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе можат да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+ и во тој случај патните трошоци (до 320€) се целосно покриени.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Италија“.