Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „Online Safety in the Digital Era“, која ќе се одржи во Букурешт, Романија од 22-ри февруари до 1-ви март 2024 година.
Главната цел на проектот е да ги зајакне вештините на младинските работници да одговорат на говорот на омраза преку спротивставување, неутрализирање и спречување на истиот во онлајн просторот и со окупирање на онлајн медиумскиот простор со позитивни наративи и примери на граѓанска храброст, за да можат да ги користат овие вештини со младите со кои работат.
За време на обуката, учесниците ќе ги мапираат причините и засегнатите страни зад недостатокот на безбедност во онлајн опкружувањето и ќе откриваат алтернативи и контра-дискурси насочени кон поголемо вклучување на ранливите групи. Обуката ќе им понуди на учесниците креативни методи за спречување на говор на омраза, сајбер малтретирање и лажни вести.
Сите активности за време на обуката ќе се одвиваат преку методите на неформално образование кое е доброволен, нехиерархиски пристап и сите негови методи се засноваат на концептот на учење преку правење. Најрелевантен метод што ќе се користи ќе биде Театарот на весници (Newspaper Theatre), заедно со активности за запознавање, активности за градење тим, бура на идеи, работа во мали групи, пленарни дискусии, групна евалуација, инфографика итн.
На обуката ќе учествуваат 26 младински работници и младински лидери од Македонија, Романија, Хрватска, Естонија, Полска, Италија, Шпанија и Унгарија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, како и за учество во активностите за видливост на проектот по завршување на обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Романија“.
Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани за нивното учество.