Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 3 учесници од С. Македонија за Еразмус+ обука „Training on Leadership and Facilitation in Youth Work“, која ќе се одржи во Стара Крашница, Полска од 3-ти до 11-ти март 2020 година.
Главна цел на проектот е да се подобрат партнерските организации преку обучување на нивните младински работници да работат успешно со млади луѓе на локално, регионално, национално и меѓународно ниво. Обуката ќе понуди нови знаења, вештини и комптенции базирани на неформални методи и ќе понуди алатки за фацилитација на работилници за млади. Обуката цели и да ја подобри самодовербата на учесниците и нивните лидерски комптенции.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работиници и младински лидери од Полска, С. Македонија, Шпанија, Словенија, Романија, Италија, Португалија и Турција.
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 година
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Полска“.