Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Youth worker – the modern profession”, која ќе се одржи во Софија, Бугарија од 12-ти до 20-ти ноември 2023 година.
Главната цел на обуката е зголемување на квалитетот на младинската работа што ја спроведуваат организациите преку иновативни едукативни производи и виртуелни иницијативи. Целта е да се спроведат квалитетни обуки за актуелни теми и состаноци за размена на искуства на младински работници, преку кои тие може да ги зголемат нивните знаења и вештини за работа со млади и со тоа да ги зголемат капацитетите на нивните организации и квалитетот на понудените младински активности и услуги.
Младинските работници мора да ги следат новите трендови во секторот, да се обучуваат и да се квалификуваат за да научат нови методи и вештини за работа со млади луѓе. Важен момент на резултатите од активностите под оваа цел е споделувањето и размената на добри практики во потрага по нова образовна динамика диктирана од технолошките потреби на младите.
На обуката ќе учествуваат 29 младински работници и младински лидери од Македонија, Бугарија, Грција, Италија, Чешка, Литванија и Полска.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, како и за организирање локални активности по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Софија“.