Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Outdoor Education for Wellbeing, Environment and Inclusion”, која ќе се одржи во Виена, Австрија од 18-ти до 25-ти август 2023 година.
Целите на оваа обука вклучуваат повторно воведување на неформално образование на отворено, односно во природа, што издвојува одбележување на безбедност и благосостојба на учесниците како приоритет. Главните цели се искористување на методите што ги нудат отворените места со што на адекватен начин се задоволуваат потребите на учесниците за унапредување на нивното ментално здравје. Ова вклучува користење на достапни места на отворен простор, како што се јавните дворови, општинските градини и националните паркови. Овозможувањето на сите да имаат пристап до образование на отворен начин без физички барања, како и подобрување на практиките за младинска работа во решавање на различни сложени социјални прашања, како што се климатските промени, менталното здравје и исклученоста, се дополнителни цели на оваа обука.
На обуката ќе учествуваат 28 учесници од Македонија, Австрија, Хрватска, Унгарија, Полска, Грција, Латвија и Романија.
Услови за учество:
- Постари од 21 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Австрија“.