Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Perform”, која ќе се одржи во Мурзасичле (Закопане), Полска од 16-ти до 24-ти април 2023 година.
Обуката е за младински работници, едукатори, младински лидери кои би сакале да ги развијат своите компетенции во користењето на методологијата на театар-комедија за социјално вклучување и промоција на заштита на животната средина и би сакале да откријат и да добијат подобар увид во методологијата на изведувачката уметност. На крајот на обуката, учесниците ќе ги подготват и развиваат своите перформанси што ќе ги претстават во локалното училиште и кои ќе бидат пренесени на Интернет.
За време на обуката, учесниците ќе ги развијат своите компетенции за користење на театарски методи, театар-комедија и изведувачка уметност како методологии за младинска работа. Истовремено, учесниците ќе ги развијат своите компетенции во неформален образовен пристап како искуствено учење, перформативно учење, циклус на учење KOLB итн. Учесниците ќе ги зголемат своите знаења во областа на социјалното исклучување, дискриминацијата, стереотипите, предрасудите, климатските промени и одржливото опкружување.
На обуката ќе земат учество 30 младински работници и младински лидери од Македонија, Полска, Унгарија, Латвија, Бугарија, Италија, Грција, Португалија, Шпанија и Хрватска.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Подготвеност да се организирана работилница во својата локална средина како последователна активност (follow-up) по завршувањето на обуката (види во Инфопак на страница 17)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 245€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Полска“.