Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 1 лидер на група и 6 млади учесници за Еразмус+ младинска размена (youth exchange) „Push Up Sports and Arts Balkan“, која ќе се одржи во Солун, Грција од 18-ти до 24-ти август 2022 година.
Проектот има за цел да ја зајакне општествената заедница, да го поддржи културното наследство и да ги искористи уметностите и креативноста како посредник за социјален активизам меѓу земјите од Балканскиот Полуостров (Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија и Северна Македонија). Балканот е познат по проблемите помеѓу малцинствата. Новата генерација игра клучна улога за стабилноста на Европа и за оптимистичка иднина. Зајакнувањето на културното наследство е од суштинско значење за поставување на инклузивни, безбедни и одржливи општества и ја олеснува заштитата на културното и природното наследство. Така, проектот се фокусира на културниот идентитет и неговата важност за социополитичката стабилност и пред се на личниот развој на учесниците. Развивајќи силно јадро на нашата сопствена културна историја и традиции, градиме позитивен културен идентитет за себе, стекнуваме чувство на припадност и ја олеснуваме нашата севкупна благосостојба.
Главната цел на проектот е да се рефлектира на посебниот идентитет и заедничките вредности, обичаите и традициите, социокултурните профили и животниот стил низ балканските земји преку балканските уметности. Проектот го олеснува „градење на искуството од минатото и гледање кон иднината.“ Преку дискусии за културата и општеството, обичаите и традициите, проектот ќе ги промовира развојните и надворешните политички цели и принципи, како национална сопственост, социјална кохезија, еднаквост, соодветна географска рамнотежа и различност.
На младинската размена ќе земат учество 42 млади и младински лидери од Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина.
Услови за учество:
- Групниот лидер треба да е постар од 21 година и има претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 25 години без потреба за претходно искуство
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на младинската размена
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност од почетниот датум на проектот (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 210€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+. Рефундацијата на патните трошоци ќе биде 20 до 40 дена по испраќањето на оргиналните карти за патување до оргнизаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1000 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Грција“.
