Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „EXODUS: Labor market: Integration of migrants”, која ќе се одржи во Анкара, Турција од 9ти – 18ти јуни 2022 година.
Проектот “Егзодус“ е дел од размената на добри практики во полза на мигранти, политички бегалци и баратели на азил. Целта на проектот е интервенција и обнова на клучните компетенции на млади и возрасни, преку инклузивни активности како што е уметноста, волонтирање, кампањи за човекови права и дигитална медиумска комуникација.
На третата мобилност од “Егзодус“ проектот, клучна тема ќе биде миграцијата од перспектива на пазарот на трудот. За време на 8те дена од тренинг курсот ќе бидат реализирани работилници и студиски посети на извршни тела.
На обуката ќе учествуваат 18 младински работници и младински лидери од Португалија, Италија, Шпанија, Турција, Германија и Македонија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се младински работници или младински лидери постари од 18 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Турција“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Турција.