На 08 февруари 2020, во просториите на Црвен крст – Општинска организација Гази Баба во Скопје, се одржа втората работилница за проектот за трансформација на јавни простори ‘Living Spaces – Живи Простори’.
На работилницата се разговараше за можни локации за трансформација по што беа избрани следните локации:
– Дом на култура 11 октомври Ченто
– Парк Ченто
– Детски парк и игралиште Ченто
– Трговски Центар Бутел
– Подвозник кај АСУЦ Автокоманда
– Стариот дом за култура Тафталиџе
По кратката обиколка и посета на некои од локациите беше одлучено дека Детскиот парк и Игралиштето на ул. Методија Андонов Ченто во близина на автобуската постојка Ченто-Пазар ќе биде просторот кој ќе биде обновен и трансформиран.
Следни чекори во проектот се дизајн на просторот, подготовка на материјали и како да стигнеме до нив, добивање на потребни дозволи и последниот чекор е редизајн на избраната локација.
Проектот „Living Spaces“ е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ платформа заедно со организациите Associació PROSEC и Basurama од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финаниски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија преку Клучната Акција 2: Стратешки партнерства.