Третата работилница во рамки на проектот за трансформација на јавни простори ‘Living Spaces – Живи Простори’ беше одржана на 29-ти февруари во просториите на Црвен Крст – Општинска Организација Гази Баба во Скопје. На оваа работилница одлучивме за дизајн на просторот на кој ќе ја извршиме трансформацијата, какви материјали може да се искористат, каде може да ги најдеме материјалите и како најлесно да стигнеме до целта. Следни чекори во проектот се:
- Средби со локалната администрација и општина Гази Баба, добивање на сите потребни дозволи за работа
- Обука во Мадрид, Шпанија за алатки и методи при трансформација на јавни простори
- Финализирање на планот и набавка на потребните материјали.
Проектот „Living Spaces“ е заеднички меѓународен проект на ЦЕТ платформа заедно со организациите Associació PROSEC и Basurama од Шпанија и Walk Together од Бугарија кој е финаниски поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија преку Клучната Акција 2: Стратешки партнерства.