Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ платформа има чест да Ве покани да земете учество на работилница за програмата Еразмус+ во областа на младите, која ќе се одржи на 13-ти април 2019 (сабота) од 12 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Работилницата се организира во рамки на проектот „Здружени за посилно граѓанско општество“, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт.
Активностите ќе бидат реализирани под менторство на Бојан Коцевски, кој има големо искуство и активно работи како обучувач и консултант за програмата Еразмус+ во областа на младите од нејзиниот почеток во 2014 година, како и со претходната програма Млади во акција. На работилницата ќе биде преставена програмата, нејзините цели и приоритети, клучните акции и можностите кои ги нуди за граѓанските организации, младите и младинските работници. На работилницата ќе биде преставен и начинот за аплицирање на проекти, условите за учество, како и практични и техничи совети за пополнување на апликационите формулари. Учесниците ќе имаат можност да планираат и разработат идеи за проекти за кои ќе добијат фидбек и сугестии за подобрување.
Во рамки на работилницата ќе бидат преставени и дел од реализираните проекти на ЦЕТ платформа и идните можности за мобилност и обука кои ги нуди здружението во рамки на програмата Еразмус+.
Предвидено е работилницата да трае 6 часа, при што добредојдени се преставници на граѓанскиот сектор, членови на граѓански организации и заинтересирани млади лица.
Агендата на настанот е во прилог, а заради ограничениот број на места Ве молиме учеството да го потврдите преку пополнување на формуларот за регистрација или по е-пошта на [email protected].