Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ платформа има чест да Ве покани да земете учество на работилница за младинско учество, која ќе се одржи на 23-ти март 2019 (сабота) од 12 часот во Агенцијата за млади и спорт (8-кат) во Скопје. Работилницата се организира во рамки на проектот „Здружени за посилно граѓанско општество“, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт.
На работилницата ќе има обраќање на преставник од Агенцијата од секторот млади кој ќе ја престави работата на Агенцијата за млади и спорт, нивното залагање за подобрување на младинското учество, поттикнување на младински иницијативи и програмите за млади кои ги нуди Агенцијата. Ќе биде преставен и процесот на креаирање на Законот за млади и предвидените мерки за регулација на младинските прашања.
Учесниците ќе имаат можност за рефлексија за нивното учество во општествените работи и процесот на донесување одлуки по што во работни групи ќе подготват препораки за подобрување на нивното учество кои ќе бидат доставени до релевантните институции.
Предвидено е работилницата да трае 4 часа, при што добредојдени се преставници на граѓанскиот сектор, членови на граѓански организации и заинтересирани млади лица.
Агендата на настанот е во прилог, а заради ограничениот број на места Ве молиме учеството да го потврдите преку пополнување на формуларот за регистрација или по е-пошта на [email protected].