Во 2021 и 2022 година, ЦЕТ платформа воспостави плодна соработка со Асоцијацијата за одржлив развој Позитива Самобор од Хрватска со која соработувавме на 4 мобилности на млади и младински работници во рамки на нивната акредитација во програмата Еразмус+. ЦЕТ платформа како една од партнерските организации испрати 20 млади, младински лидери и младински работници од Македонија на три младински размени и една обука на која учесниците имаа можност да ги подобрат нивните знаења, вештини и пратики за младинска работа во областа на европско граѓанство, граѓански ангажман, рурално претприемништво, одржлив развој, заштита на животната средина и работа со млади во природа.
Од август 2021-ва до октомври 2022-ра година, Позитива Самобор ги реализираше следниве мобилности во соработка со ЦЕТ платформа и 8 други партнерски организации од 7 европски земји:
- младинска размена „My European Passport“, насочена кон развивање на вештините на младите неопходни за активно граѓанство и запознавање со основните историски, политички, географски и културни карактеристики на Европската Унија;
- обука на лица кои работат со млади „Eco centric learning factory“, насочена кон опремување на учесниците со алатки и вештини за користење на моделот на екоцентрично учење при работа со млади луѓе;
- младинска размена „Europe goes rural“, насочена кон развивање на претприемачките вештини на младите и охрабрување на младите да започнат свои претприемачки потфати во рурална средина;
- младинска размена „Learn live love sustainable“, насочена кон промовирање на здрави животни навики кај младите и развивање знаења за екологијата и одржливиот развој.
Како дел од оваа соработка, ви ги претставуваме главните резултати од овие мобилности, преставени во брошурата „Градење млади амбасадори на одржливата иднина“. Брошурата е заеднички резултат кој ги прикажува сите важни карактеристики на спроведените активности и нивните опипливи и нематеријални резултати.
Брошурата може да послужи како алатка за ново акредитираните организации во програмата Еразмус+ и организации кои сакаат да развиваат активности во областа на активно граѓанство, претприемништво, екологија и одржлив развој.
Со стратешки пристап кон спроведувањето на овие активности во рамките на акредитацијата, вклучените организации успешно одговорија на потребите на своите целни групи и значително влијаеја на развојот на личните и професионалните компетенции на младите во областите кои им се најпотребни.
Брошурата на англиски јазик можете да ја прегледате и преземете од овде: