Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „YoutHacker 2.0″, која ќе се одржи во Таеваскоја, Естонија од 30-ти ноември до 8-ми декември 2022 година.
Програмата Еразмус+ инспирираше многу луѓе да го изберат образованието како своја професија. Во денешно време Европа има многу мотивирани лидери, кои го посветија своето време на подобрување на животот на младите луѓе. Меѓутоа, со рапидно растечкиот број на организатори на проекти, постои доста простор да се подобри квалитетот на нивната работа. Обуката „YoutHacker 2.0“ е тука да ги поддржи и да ги зајакне младинските работници во почетната фаза од нивната кариера преку развивање на компетенции потребни за фацилитација на процесот на учење на младите луѓе.
Обуката цели кон: 1) подобрување на професионалните компетенции на младинските работници и да се развијат основните вештини за фацилитација, 2) да ги подобри компетенциите на младинските работници во областа на управување со проекти и да се справат со сите фази од развој на идеја до успешна имплементација, 3) поттикнување на креативноста на младинските работници и да ги поттикне да создаваат нови, современи методи, 4) поттикнување на младите лидери во почетната фаза од нивната кариера, 5) брз квалитетен развој на младинската работа низ Европа.
На обуката ќе земат учество 23 младински работници и младински лидери од Македонија, Естонија, Литванија, Хрватска, Унгарија, Шпанија, Италија и Португалија.
Услови за учество:
- На возраст од 21 до 30 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, како и за организирање локални активности по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Естонија“.