Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за вториот дел од Еразмус+ обуката “Remote Control – Digital Youth Work: Virtual Facilitators”, која ќе се одржи во Трикала, Грција од 25-ти февруари до 7-ми март 2022 година.
„Remote Control – Digital Youth Work“ е проект што се состои од две мобилности за младински работници – обуки што ќе се одржат во Трикала, Грција во ноември 2021 година (успешно реализиран, повеќе инфо тука) и февруари 2022 година, со учество на 8 партнерски организации од Грција, Хрватска, С, Македонија, Италија, Романија, Полска, Португалија и Кипар. Целта на овој проект е да ги подигне капацитетите на организациите во младинска работа и младинска работа на далечина со употреба на ИТ и нови технологии преку развој/надградба на дигиталните компетенции на младинските работници.
Главната цел на претстојната втора обука „Virtual Facilitators“ е да ги запознае учесниците со техниките за учење на далечина, сè со цел да го подобрат учењето, а воедно и младинската работа на далечина преку заеднички работни средини и платформи за учење.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 18 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) и евентуални трошоци за КОВИД-19 тестови се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Грција“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Грција.
