Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 1 учесник за Еразмус+ обука „Together Stronger for Inclusive Europe“, која ќе се одржи во Пресензано во регионот на Касерта, Италија од 16-ти до 23-ти март 2022 година.
Проектот „Together Stronger for Inclusive Europe“ се состои од две мобилности за младински работници: 1) семинар со елементи за градење на партнерства и 2) обука за обучувачи, при што и двете мобилности ќе се организираат во провинцијата Касерта, јужна Италија. Проектот предвидува последователни активности што ќе ги спроведуваат партнерите и учесниците по секоја од мобилностите во нивните локални заедници.
Втората мобилност на проектот е обука што ќе се организира со цел да се одговори на потребите на младинските работници од вклучените организации за зголемување на квалитетот на нивните активности, подобрување на компетенциите за фацилитација на активности и обезбедување алатки и практики за неформално учење за работа на теми за различности и инклузија. Обуката ќе се фокусира на обезбедување практични компетенции за практичарите за младинска работа (обучувачи, младински лидери и неформални едукатори) за работа со обесправени групи, особено млади луѓе со помалку можности, како и за поттикнување на активно младинско учество.
На обуката ќе учествуваат 19 младински работници од Италија, Хрватска, Кипар, Литванија, Македонија, Романија, Шпанија и Шведска.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се младински работници или младински лидери постари од 18 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Италија“.
Ве молиме да аплицирате за учество само доколку имате ЕУ дигитален сертификат за целосна вакцинација или прележаност на КОВИД-19, но вакцината или прележаноста да не биде пред повеќе од 270 дена поради рестриктивните мерки за патување и престој во Италија.
