Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука “Youth work for Women Empowerment“, која ќе се одржи во Малмо, Шведска од 15-ти до 23-ти јануари 2022 година.
Во поле каде што родовата еднаквост е поприсутна од многу други полиња, ние веруваме дека неформалното образование и учење се токму контекстите каде што треба да биде почетна точка за зајакнување на жените. Преку нашето искуство со работа со млади луѓе (вклучувајќи ги и младинските работници и волонтерите од нашата организација и нашите партнерски организации), како и длабинското истражување за родовата еднаквост, идентификувавме недостаток на свест и чувствителност во ова поле. Истовремено идентификувавме дека има потребата од простор каде младинските работници можат да разменуваат најдобри практики и ја анализираат улогата на младинските работници во родовата еднаквост, како и отсуството на мрежа на европски младински работници посветени на еманципирање на жените. Ние веруваме дека со обука на младинските работници може да има мултиплициран ефект и да има експоненцијално влијание врз младите кои (а) стануваат еманципирани и (б) ги еманципираат другите жени.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работници и младински лидери од Македонија, Шведска, Бугарија, Унгарија, Шпанија, Норвешка, Италија и Данска.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 година и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Шведска“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти (со Pfizer, AstraZeneca, Moderna или Jansen) со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки за КОВИД-19 кои важат во Шведска.