Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 1 учесник за Еразмус+ обука „Stories for Life: Storytelling for Personal Growth“, која ќе се одржи во ASHA Centre, Глостер, Англија од 15-ти до 24-ти ноември 2021 година.
„Storytelling for Personal Growth“ е првата обука од проектот „Stories for Life“ на која ќе земат учество младински работници, едукатори и млади луѓе кои ќе научат како да се користи раскажувањето на приказни за зајакнување на интеркултурната комуникација.
На обуката ќе се учи за структурните компоненти на приказните, како да се обликуваат, раскажуваат и применуваат нивните мудрости. Учесниците ќе имаат можност да слушнат приказни од професионални раскажувачи и другите учесници, да ја откријат мудроста на моделот „Патување на херојот“, ќе вежбаат основни комуникациски вештини, ќе креираат проекти и ќе изведуваат перформанси. Учесниците ќе споделуваат митови, народни приказни и легенди од различни култури и ќе имаат време за групно и лично размислување.
Оваа обука нуди искуствено учење и преку него ќе се сподели образовната рамка на ASHA центарот, користејќи неформални образовни методи кои вклучуваат презентации, уметнички израз, групна работа, игри и многу работа на отворено.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 18 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество на обуката и раскажување приказнии
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за виза)
Сите трошоци за сместување, храна, виза и тестови за КОВИД-19 се целосно покриени од организаторите, како и 80% од патните трошоци (до максимум 360€). Рефундацијата на трошоците за виза, пат и тестови ќе биде направена во кеш за време на обуката.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Англија“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти (со Pfizer, AstraZeneca, Moderna или Jansen) со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Англија.
