Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука “Social entrepreneurs in action”, која ќе се одржи во Смољан, Бугарија од 20-ти до 28-ми март 2022 година.
Проектот се фокусира на врската помеѓу економскиот феномен „социјално претприемништво“ и младинската работа, со што се поддржува социјалниот и професионалниот развој на младите. Социјалното претприемништво е можност за младите да најдат иновативни решенија за големите општествени проблеми, да го остварат својот потенцијал и да го потврдат својот идентитет. Тоа е и една од алатките за одржлива борба против невработеноста кај младите и социјалната исклученост на младите.
Проектот има за цел да ги подготви младинските работници да го применат концептот на социјално претприемништво во нивните организации и заедници преку развивање на нивните претприемачки вештини и компетенции. За време на обуката, учесниците ќе планираат како да ги пренесат претприемачките вештини и практики на младите луѓе со кои работат. На тој начин, тие ќе ги поддржат младите во нивниот личен и професионален развој, ќе го олеснат нивното социјално вклучување и целосниот придонес кон заедницата и нејзиниот развој.
Проектот опфаќа теми како што се: основи на социјалното претприемништво, SWOT и PEST-ELD анализа, циклус на социјални промени, модел на компетентност на социјален претприемач, развој на бизнис план, развој на претприемачки идеи и сл.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 18 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци вклучувајќи и евентуални трошоци за КОВИД-19 тестови (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Бугарија“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат во Бугарија.