Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „RecreArt: Learning to reuse“, која ќе се одржи во Стратони (Халкидики), Грција од 5-ти до 16-ти јуни 2024 година.
Главната цел на проектот е да се научи како да се создаде уметност со употреба и пренамена на предмети што повеќе не се користат. За време на обуката, учесниците ќе научат иновативни техники за уметничко создавање, како и за начините како да се соберат материјали за таа потреба. За време на обуката ќе се разговара за тоа колку повторната употреба на предмети и продолжувањето на нивниот животен век може да и помогне на животната средина. Учесниците ќе имаат можност да бидат сведоци на одржливи практики за животната средина кои се применуваат во Стратони, како и да дознаат за повеќе начини како да се заштитува животната средина.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работници, младински лидери и волонтери од Македонија, Грција, Бугарија, Италија, Романија и Шпанија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Валиден пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на подготвителниот состанок и на младинската размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Грција“.
