Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 4 учесници од С. Македонија за Еразмус+ обука на тема „Rites of Passage: Strengthening Our Communities“, која ќе се одржи во ASHA Centre, Англија од 2-ри до 11-ти март 2020 година.
Сите трошоци за виза, сместување и храна, како и 90% од патните трошоци (до 360€) се покриени од организаторите и ќе бидат рефундираат за време на обуката во рамките на програмата Еразмус+ на Европската Комисија
- Постари од 18 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за виза)
Во продолжение прочитајте повеќе детали за проектот, а доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, испратете пополнет апликационен формулар или прашање на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Англија“ најдоцна до 1-ви декември. Апликациите кои не се во сочувани во оргиналната форма (word – .doc) нема да бидат прифатени.