Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „Outdoor Education and Nature Activities in Youth Work“, која ќе се одржи во Кшижова, Полска од 21ви – 28ми април 2022 година.
Проектот произлегува од идејата дека формалното и традиционално учење не им обезбедува на младите доволно компетенции што ги бара развојот на денешното општество. Од клучно значење е да им се обезбедат на учесниците различни пристапи кон неформалното учење. Во тој контекст, овој проект има за цел да стане плоден простор за споделување, експериментирање и понатамошно развивање алатки, методи и техники поврзани со образованието и активностите на отворено во младинската работа.
На обуката ќе учествуваат 27 младински работници и младински лидери од Полска, Португалија, Шпанија, Италија, Бугарија, Хрватска, Романија и Македонија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и со претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Полска“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Полска.
