Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука „Storify Your Mission for Impact! Youth Worker as a Digital Communicator!“, која ќе се одржи во Добриниште (Банско), Бугарија од 16-ти до 23-ти јуни 2021 година.
Главната цел на проект е градење на капацитетот на граѓанските организации и справување со проблемите на младите од различен профил во областа на комуникацијата, преку спроведување на нови дигитални пристапи во нивната секојдневна пракса и постигнување на поефикасна и одржлива социјална интеракција и промени.
Интензивната обука ќе комбинира неформални методи, ќе ги следи новинарските стандарди и етика и ќе комбинира современи концепти на доживување, обука, (дигитално) раскажување приказни и техники од импровизациски театар за да понуди уникатно искуство за обука, што може да доведе до трансформација на младите во групи на ризик. На обуката ќе учествуваат 30 младински работници, младински лидери и активни волонтери од Бугарија, С. Македонија, Италија, Кипар, Турција, Унгарија, Хрватска, Грција, Ерменија, Романија, Србија, Португалија, Шпанија и Словачка.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 18 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, споделување на искуства и организирање на локални активности
- Основни компјутерски вештини и поседување на лаптоп
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите. Доколку се потребни негативни ПЦР тестови за влез во Бугарија, трошоците за истите ќе бидат покриени од страна на организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Бугарија“.