Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „Learning and Development Through Youth Work“, која ќе се одржи во регионот на Брага, Португалија од 16-ти до 24-ти мај 2022 година.
Целта на тренинг курсот е да ги зголеми компетенциите младински работници, тренери, младински лидери од 9 различни земји, при дизајнирање и испорачување нови активности засновани на моделот на искуствено учење, за зајакнување на синергијата помеѓу формалното и неформалното образование преку создавање на пакет алатки, достапни бесплатно за младинските работници, за да се капитализира моќта на искуственото учење за организациски развој на вклучените страни, да се подготви квалитетен неформален проект заснован на експериментално учење меѓу земјите на ЕУ и EECA, усогласувајќи ги новите барања на програмата Еразмус+ со нивната организација, за да се понуди можност за средба со можни партнерски групи меѓу земјите на ЕУ и EECA.
На обуката ќе учествуваат 27 младински работници од Португалија, Шведска, Србија, Италија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Украина и Северна Македонија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се младински работници или младински лидери постари од 18 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Силна мотивација за учење и стекнување нови вештини
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 360€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Португалија“.
Ве молиме да аплицирате за учество само доколку имате ЕУ дигитален сертификат за целосна вакцинација или прележаност на КОВИД-19, но вакцината или прележаноста да не биде пред повеќе од 270 дена поради рестриктивните мерки за патување и престој во Португалија.
