Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „Remote Control – Digital Youth Work: NGOs Online“, кој ќе се одржи во Трикала, Грција од 1-ви до 10-ти ноември 2021 година.
„Remote Control – Digital Youth Work“ е проект што се состои од две мобилности за младински работници – обуки што ќе се одржат во Трикала, Грција во ноември 2021 година и февруари 2022 година, со учество на 8 партнерски организации од Грција, Хрватска, С, Македонија, Италија, Романија, Полска, Португалија и Кипар. Целта на овој проект е да ги подигне капацитетите на организациите во младинска работа и младинска работа на далечина со употреба на ИТ и нови технологии преку развој/надградба на дигиталните компетенции на младинските работници.
Главната цел на првата активност – обука „NGOs Online“ е да ги опреми младите работници со дигитални алатки и знаења за дигитален менаџмент и маркетинг на социјални медиуми, создавање на веб страници и блогови и нови вештини што ќе им овозможат да ја зголемат видливоста на работата на нивните организации, како и привлекувањето на повеќе нови луѓе во нивните активности.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Трикала“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Грција.
