Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Ideas and Actions for New Europe – Part 2: Politics & Economics“, која ќе се одржи во ASHA центарот, Глостер, Англија од 30 август до 8 септември 2023 година.
Што всушност може да ни донесе „Нова Европа“? Каде можеме да најдеме иновативни идеи и иницијативи кои имаат потенцијал ефикасно да се справат со итни предизвици со кои се соочуваат земјите и заедниците во Европа? Овој проект има за цел да ја поттикне новата генерација младински работници и млади поединци преку опремување со потребните идеи и вештини за поттикнување активно граѓанство и градење чувство на интеркултурна единство. Ве поттикнуваме да ја креирате промената што сакате да ја видите во светот со истомисленици, кои имаат страст за општествени промени. Ние се стремиме да ги вклучиме младите луѓе во иновативно истражување на сопствениот идентитет, со крајна цел да ги поттикнеме да станат влијателни двигатели на меѓународната интеграција. Ќе поседувате способност да ги координирате и имплементирате влијателните иницијативи за градење заедница, со што ќе придонесете за создавање на посилна, инклузивна и покохезивна Европа.
Бараме младински работници, водачи на заедницата, креатори на промени и едукатори кои работат со млади луѓе во младински групи, организации и иницијативи кои се активно вклучени во социјални или системски промени и носат трансформација во општеството. Силно ги охрабруваме сите фасилитатори кои сакаат да учествуваат во ко-креирање и водење на овој тренинг курс да аплицираат и да ги споделат своите знаења и вештини со други лидери на заедницата.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна се целосно покриени од организаторите, како и 90% од патните трошоци и виза (до максимум 360€).
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Англија“.