Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „Lets Map it! Youth work for countryside development“, која ќе се одржи во Лахолм, Шведска од 10-ти до 17-ти септември 2021 година.
И покрај зголеменото учество на младите во градовите, учеството на младите од руралните средини во различни програми за мобилност и едукација останува прилично ограничено, заедно со секојдневните животни пречки, како што е поголема невработеност и потежок пристап до можностите кои се присутни во урбаните средини. Многу рурални млади имаат потреба од повеќе вештини и знаења за да започнат проекти, да влезат на пазарот на труд, да го развијат својот личен и професионален пат или да пристапат до информации и да научат за можностите од кои би можеле да имаат корист.
Целокупната цел на проектот е да ги зајакне младите луѓе, младинските работници и волонтерите кои би можеле да се справат со овој проблем со поиновативни начини, методи, алатки и идеи. Целта е да се разработи и имплементира комплексна методологија која од една страна ги ангажира и овластува младите од руралните области и од друга страна носи опипливо влијание врз заедниците-домаќини.
Идентификуваната методологија се заснова на проектот „Мапирање со слики“ (www.imagemapping.org) што го разви украинскиот партнер DC Pangeya Ultima од 2015 година и неговите активности се спроведуваат сега во 8 рурални заедници во Украина и Литванија. Планираме да ги обучиме младинските работници и другите млади заинтересирани за рурален развој во оваа методологија со што тие ќе можат да ги реплицираат активностите во други контексти.
На обуката ќе учествуваат 18 младински работници и младински лидери од Шведска, С. Македонија, Италија, Украина и Грузија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати! Краен рок за аплицирање е 25-ти август 2021.
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Шведска“.