Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Kinetic intelligence in youth work”, која ќе се одржи во Трбовље, Словенија од 25-ти до 31-ви март 2025 година.
Организирана од ASPIRA, акредитирана Еразмус+ организација, оваа обука е посветена на истражување на теоријата на повеќекратни интелигенции на Хауард Гарднер, со посебен фокус на кинетичката интелигенција.
Оваа обука е наменета за младински работници и лидери кои сакаат да ги развијат своите кинетички и емоционални вештини преку движење, танц и креативна експресија. Веруваме дека неформалното образование е активен процес на учење, а танцот и движењето овозможуваат развој на критичко размислување, комуникациски вештини и личен раст.
Главната цел на оваа обука е да ги обучи учесниците како да развиваат и поттикнуваат кинетичка интелигенција кај себе и кај младите со кои работат, создавајќи средина што ја поддржува самосвеста, креативноста и експресијата преку движење.
Што ќе научите?
🔹 Методи и алатки од танцова импровизација, телесно-умствена пракса и танц терапија, кои секој може да ги примени во младинската работа.
🔹 Како да импровизирате и да ја изразите својата креативност преку движење.
🔹 Како да постигнете целосна свесност за телото и да го разберете неговиот потенцијал.
🔹 Осум чекори за структурирање и водење на работилници, часови и сесии со младите.
🔹 Како да ги вклучите движењето и емоционалната интелигенција во младинската работа.
Ние сакаме да се движите!
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 309€ или со „Green Travel“ до 417€) се целосно покриени од организаторите. Според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+, учесниците имаат поголем буџет за патување и можност за одмор со покриени трошоци при патот доколку патуваат со автобус, воз или приватно возило до до местото на одржување на проектот.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Словенија“.
