Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „It’s all about reality!“, која ќе се одржи во Џаково, Хрватска од 18ти – 26ти мај 2022 година.
Главнaта идеја зад оваа обука е фактот што младите луѓе се повеќе и повеќе од своето време трошат онлајн, константно листајќи ги социјалните медиуми. Често добиваат многу разновидни информации кои можат да бидат, но и не секогаш се корисни за нив. Проблемот настанува кога овие млади луѓе ненамерно налетуваат на куп лажни информации, кои ги насочуваат на погрешни страни. Преку влијанието на тие лажни информации и вести младите го губат чувството за реалност и почнуваат да веруваат во нешто друго што често ги води кон радикализација и потези кои не влијаат добро на нивниот личен и професионален развој.
Целите на оваа обука се токму тие, заштита од добивање и ширење на лажни вести, преку најразлични алатки, методи и препораки од тренерите. Да се спречи, односно намали зависноста од социјалните медиуми и платформи, а пред се да се изгради здрав начин на онлајн комуникација со што ќе се искорени сајбер-малтретирањето.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работници и младински лидери од Хрватска, Португалија, Грција, Италија, Бугарија, Полска, Романија и Македонија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се младински работници или младински лидери постари од 18 години
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите. Доколку учесниците одлучат да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+ трошоците се покриени до 210€.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Хрватска“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза или со сертификат за прележан КОВИД-19 не постар од 180 дена поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Хрватска.