Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Where Innovation meets Tradition”, која ќе се одржи во Оребич (Пелјешац), Хрватска од 8-ми до 16-ти мај 2023 година.
Тема на обуката е употребата на STEM (Наука, Технологија, Инженерство и Математика) алатките во младинската работа поврзани со теми од екологијата и земјоделствота. Учесниците ќе имаат можност да ги истражат STEM перспективите од различни индустрии и да научат како да ги имплементираат во нивната младинска работа. Учесниците ќе имаат можност да научат да дизајнираат свои STEM лекции за млади луѓе и да ги посетат локалните области каде што се работи во земјоделство со помош на STEM алатки.
Обуката ќе понуди нови знаења и ќе ги подобри знаењата на учесниците за: STEM и иновациите во индустријата, различни STEM активности за млади и основни земјоделски технологии и практики, а истовремено ќе ја подобри способноста за дизајнирање на наставна програма/час за АгроSTEM и нејзино спроведување во пракса. Учесниците ќе работат на студии на случај и ќе ги анализираат традиционалните земјоделски проблеми и како тие да се решат.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците имаат можност да користат „Green Travel“ за патување со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, при што патните трошоци во тој случај може да бидат целосно рефундирани до 320€ по учесник.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Хрватска“.