Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Exodus – Dancing & Playing Against Discrimination!”, која ќе се одржи во Сан Џорџо дел Санио, во регионот на Беневенто, Италија од 30-ти септември до 11-ти октомври 2022 година.
Проектот има за цел учесниците да ја претстават културата на нивната земја како и нивните искуства со миграција и мигранти. Ова ќе се организира преку игри, видеа и активности кои ќе ги оттргнат стереотипите и предрасудите. Проектот ќе проектира традиционална, но истовремено и современа атмосфера врз нашите земји како и нашите миграциски култури, се со цел да се оформи целосна слика за тоа кои сме ние. Препорачливо е половина од групата учесници да е дел од од некое малцинство, бидејќи целта на организаторите е да креираат интегрирана средина, а не “среќни оази”, тие веруваат дека секогаш постои нешто да се научи од разликите и дека солидарноста носи благосостојба.
Главните цели на проектот се учесниците преку интерактивни активности и работилници да се запознаат со уметността и културата на другите земји и истовремено да ги срушат стереотипите меѓу истите. На учесниицте ќе им биде дадена можност да подготват, водат и оценуваат групни активности. Исто така ќе можат да се информираат за понатамошните можности што ги обезбедуваат Еразмус+ потпрограмите, промовирање на неформално образование и инвестирање во последователните активности коишто ќе ги изберат и ќе ги структурираат учесниците. Главните теми на оваа младинска размена се: 1) Креативност, уметности и култура, 2) Спречување на расизам и дискриминација и 3) Човекови права и владеење на правото.
На обуката ќе земат учество 30 младински работници и младински лидери од Македонија, Италија, Шпанија, Португалија, Германија и Турција.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Италија“.