Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 млади учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „EmpowerFlow: Crafting Change – An Erasmus+ Adventure in Human Rights & Inclusion”, која ќе се одржи во Римини, Италија од 16-ти до 24-ти април 2024 година.
Проектот се фокусира на повеќеслоен пристап кон целите на младинската работа. Размената има за цел да го подобри разбирањето на човековите права на учесниците, да промовира инклузивни практики и да развие културна компетентност. Дополнително, проектот се стреми да ги подобри вештините за решавање конфликти, да поттикне иновации во младинската работа и да ги поттикне учесниците за инклузивна имплементација на проектот. Проектот се стреми да ги инспирира бранителите за човекови права и инклузија, да поттикне простор за напредување на младите и на крајот да придонесе за градење на поправедно и поинклузивно општество.
На младинската размена ќе земат учество 24 млади и младински лидери од Македонија, Италија, Португалија и Грција.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години без потреба за претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на младинската размена
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на младинската размена (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе можат да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+ и во тој случај патните трошоци (до 320€) се целосно покриени.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1000 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Италија“.
