Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука “Eco centric learning factory“, која ќе се одржи во Самобор, Хрватска од 21-ви февруари до 1-ви март 2022 година.
Овој проект има за цел да поттикне подобрување на квалитетот во младинската работа, особено преку засилена соработка помеѓу организациите кои работат во областа на младите и/или други засегнати страни, како и да ја подобри меѓународната димензија на младинските активности и да го подобри капацитетот на младинските работници и организациите во нивната поддршка за млади луѓе. На обуката ќе учествуваат 18 младински работници и младински лидери од 9 европски земји.
Главната цел на овој проект е да се пренамени надворешната средина како простор за учење преку опремување на младинските работници со компетенции да научат како да работат со надворешната средина како училница и медиум за настава, врз основа на екоцентричниот модел на учење.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 година и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 320€) и евентуални трошоци за КОВИД-19 тестови се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе мора да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Хрватска“.
Предност за учество ќе имаат целосно вакцинирани апликанти со поминати 14 дена по примање на втората доза поради логистички причини.