Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Communication Matrix”, која ќе се одржи во Таеваскоја, Естонија од 22-ри до 30-ти септември 2023 година.
Дали некогаш сте играле „расипан телефон“, каде што треба да ја пренесете истата порака што ја добивте до следниот играч така што ќе му ја шепнете на уво? Доколку вашиот одговор е да, тогаш дефинитивно знаете колку е лесно да се изгуби играта поради мискомуникација. Но, колку често се случува истиот проблем во реалниот живот? Веројатно сте виделе, а можеби и лично сте се соочиле со ситуации кои почнале со мало недоразбирање, а прераснале во непотребни конфликти. Да се има одлични интерперсонални вештини е една од најбараните квалитети во денешниот свет. А особено во светот на Еразмус+, каде младинските работници играат клучна улога во обликувањето на животот на младите луѓе. Нашата обука има за цел да ги опреми младинските работници со вештини на силни луѓе и одлични соговорници, кои ќе им овозможат да градат подобро поврзување и водење на младинските групи на мирен и успешен начин.
На обуката ќе земат учество 24 младински работници и младински лидери од Македонија, Естонија, Литванија, Белгија, Унгарија, Шпанија, Италија, Турција и Португалија.
Услови за учество:
- На возраст од 20 до 30 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот, како и за организирање локални активности по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Естонија“.
