Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука „Balkan Vision”, која ќе се одржи во Стратони (Халкидики), Грција од 22-ри јуни до 2-ри јули 2022 година.
Во текот на 12 дена, учесниците ќе бидат вклучени во неколку формални и неформални едукативни активности за меѓукултурен дијалог и човекови права со цел стекнување на нови вештини и ставови, како и стекнување на нови знаења и искуства за како да се користат овие методи за да се разбијат стереотипите и предрасудите меѓу балканските земји. Целта е да се најдат начини за справување со проблемите на кршење на човековите права и социјалните прашања на Балканот како што се ксенофобијата, национализамот, расизамот и односот кон ЛГБТ заедницата.
Главната цел на проектот ќе биде да им овозможи на учесниците да изградат знаење и да ја ценат нивната социјална, културна, јазична и религиозна различност и да ја подобрат способноста за поврзување и комуникација меѓу културите. Така, овој проект преку методи на интеркултурно учење и младинско учество ќе се стреми да ги разбие стереотипите и предрасудите, да ги зајакне мрежите меѓу балканските земји и да направи идни планови за соработка.
На обуката ќе учествуваат 30 младински работници и младински лидери од Македонија, Грција, Романија, Бугарија, Италија, Турција, Србија и Албанија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Грција“.