Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници и 1 младински лидер за Еразмус+ младинска размена „Youth Leaders for Youth Initiatives“, која ќе се одржи во Гудевица (Смољан), Бугарија од 8-ми до 16-ти јули 2021 година.
Проектот ќе влијае на врската помеѓу младинските лидери, младинските иницијативи и неформалното образование, давајќи им можност на младите кои сакаат да се развиваат во областа на волонтирање, младински иницијативи, едукација и социјална работа, да научат за принципите, механизмите и можностите на младинската работа. Сметаме дека ова ќе придонесе кон развој на младинското лидерство.
Целта на проектот е да им обезбеди на младите да се запознаат со работа во полето на инклузија на младите и да создаде позитивен став кон примената на принципите на неформално учење за развој на клучните компетенции и личниот развој на младите.
На размената ќе учествуваат 30 младински лидери и млади од С. Македонија, Бугарија, Италија, Кипар, Турција и Грузија.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се на возраст од 18 до 30 години
- Младинскиот лидер/ка треба да биде постар/а од 21 година (без краен лимит) и да има искуство со младински проекти и програмата Еразмус+
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите. Постои можност и организаторите да го организираат превозот со комбе од Скопје до местото на проектот. Доколку се потребни негативни ПЦР тестови за влез во Бугарија, трошоците за истите ќе бидат покриени од страна на организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 600 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Размена во Бугарија“.
! Ја следиме внимателно ситуацијата и мерките околу КОВИД-19 пандемијата, па го задржуваме правото да го откажеме нашето учество во проектот доколку оцениме дека Вашата безбедност и здравје може да бидат изложени на ризик.