Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 5 учесници за Еразмус+ обука (training course) „AI in Youth Work: Empowering Young Minds”, која ќе се одржи во Брежице, Словенија од 28-ми април до 5-ти мај 2025 година.
Организирана од Pozitiva Samobor, акредитирана Еразмус+ организација, оваа обука е посветена на истражување на вештачката интелигенција (AI) и нејзината примена во младинската работа. Програмата е наменета за младински работници, едукатори и тренери кои сакаат да развијат нови методи и иновативни пристапи за работа со млади преку AI технологии. Целта на оваа обука е да ги оспособи учесниците со знаења и вештини за интеграција на AI во младинската работа, истовремено осигурувајќи дека AI се користи етички и инклузивно.
Што ќе научите?
✔️ Основи на вештачката интелигенција и нејзината примена во младинската работа
✔️ AI алатки за образование и вклучување на младите
✔️ Етички предизвици и одговорно користење на AI
✔️ AI и креативноста – нови можности за младинска работа
✔️ Како AI може да помогне во развојот на критичко размислување и дигитални вештини
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (со „Green Travel“ до 320€) се целосно покриени од организаторите. Услов за учество на проектот е користење на правилото „Green Travel“ на Еразмус+ програмата, учесниците имаат поголем буџет за патување и можност за одмор со покриени трошоци при патот доколку патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Словенија“.
