Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Active Citizens of Tomorrow”, која ќе се одржи во Кшижова, Полска од 11-ти до 19-ти септември 2022 година.
Проектот „Active Citizens of Tomorrow” е за лица што се активни во нивните заедници, на регионално и на национално ниво. Проектот ќе го истражува концептот на европско граѓанство и методи за зајакнување на социјалната активност на младите. Целта на проектот е да ги истражи причините зошто младите се оддалечија од општествата, какви можности има за нив да учествуваат во демократските процеси и како можат да ги донесат своите проблеми на политичките агенди на локално, национално и европско ниво, како и да дознаат за нови начини за социјален ангажман кои се интересни за младите.
За време на проектот, учесниците ќе дискутираат за реалноста на европското и граѓанското образование во различни делови на Европа, како и за проблемите и вредностите на младите Европејци. Учесниците ќе истражуваат начини за граѓански ангажман и ќе ги оценат достапните алатки и ресурси за европското и граѓанското образование. Учесниците ќе имаат можност да разменат добри практики, но и да ги развијат и подобрат постоечките пристапи за неформално образование на темата за активно граѓанство.
На обуката ќе земат учество 27 младински работници и младински лидери од Македонија, Полска, Бугарија, Италија, Грција, Португалија, Србија, Романија и Хрватска.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Доколку се достават сите карти и сметки за патување, рефундацијата на патните трошоци ќе биде во кеш за време на обуката.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Полска“.
